SZIJJARTO_Peter fogadja Nasser_NUREDINI urat, Észak Macedónia környezetvédelmi és területrendezési miniszterét a KKM-ben. Jelen vannak: 1. Szijjártó Péter 2. Sztáray Péter 3. Joó István 4. Dr. Gyarmati Eszter 5. Kállai Mária BT elnök + angol tolmács valamint, 1. Nasser Nuredini, környezetvédelmi és területrendezési miniszter 2. Ylber Mirta, a környezetvédelmi és területrendezési minisztérium vízügyi részlegének vezetője 3. Goran Stevchevski Észak-Macedónia budapesti nagykövete 4. Ance Markovska I. o. titkár

Министерот Нуредини на Самит за води во Будимпешта


Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од министерот Насер Нуредини учествуваше на Самитот за води, кој од од 15 до 17 октомври се одржуваше во Будимпешта, Унгарија. Централна тема на овогодинешниот Самит беше препознавање на преземените чекори, кои не се доволни за спречување на ескалација на кризата за вода, како природен ресурс што има огромно влијание на нашата сегашност и иднина.

Во рамките на престојот во Будимпешта, министерот Нуредини оствари повеќе официјални средби на највисоко ниво. На средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто се разговараше за поддршката на Унгарија за Република Северна Македонија за добивање датум за предпристапните преговори, како и за континуирана соработка во областа на заштита на животната средина со особен акцент на управување со води, бидејќи Република Северна Македонија и Унгарија имаат потпишано во 2015 г. меморандум за соработка на полето на управување со води помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за рурален развој на Унгарија.

Министерот Нуредини се сретна и со постојаниот претставник на Швајцарска Конфедерација во Организација за храна и земјоделие на ОН, Пио Венубст, со кој разговорите беа во насока на значајната поддршка од страна на Швајцарската Конфердерација за заштита на животната средина и управување со водите, како и за проширување на истата. Остварена беше и средба со заменик претседателот на ОН Води, Олкаи Унвер и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Организацијата за храна и земјоделие на ОН, Владимир Рахмањин на која беше презентирана програмската рамка за животна средина и можностите за соработка во овој ресор.

На Самитот за води министерот Нуредини, исто така го посети и Саемот каде што оствари бројни контакти со компании за иновативни еко технологии.


Видете следно

Социјалната економија е важен двигател на светската економија

Кон каде се движи светската економија, и кои се придобивките од развојот на социјалната економија?, …