????????????????????????????????????

Министерот Нуредини одржа средба со амбасадорката на Швајцарија Н. Е. Г-ѓа Сибил Зутер Техада


На 22 јули, 2019 година министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со амбасадорката на Швајцарија Н. Е. Г-ѓа Сибил Зутер Техада .

Амбасадорката Техада на средбата истакна дека поддршката од страна на Швајцарската влада е насочена, меѓу другото, и на инфраструктура и животна средина, конкретно на заштита на природата, третман на отпадни води и управување со цврст отпад. Исто така изрази поддршка и задоволство за долгорочниот пристап за наоѓање соодветни решенија во исполнување на критериумите на ЕУ во областа на животната средина. Имено, како главни предизвици ги предочи градење на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање и имплементација и извршување на законите.

Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката што Швајцарската влада ја дава за подобрување на целокупната заштита на животната средина, кој претставува еден од најголемите донатори во оваа област, ја информираше амбасадорката за долгорочните цели на министерството, како и за планираните реформски мерки во овој ресор.

 



Видете следно

Премиерот Заев во телефонски разговор со Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции наш стратегиски и суверен избор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс …