Breaking News

Министерот Спасовски во посета на Одделот на воздухопловни единици


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР денеска ќего посетат Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово.


Како што најави МВР, министерот Спасовски ќе има состанок со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следи разгледување на воздухопловите со опрема поставени на платото пред хеликоптерските хангари.


лв/вг/фото: МИА архива  .

Извор: МИА