dav

Министерот Тевдовски говорник на настан во организација на СБ во Виена


Министерот за финансии, Драган Тевдовски, беше говорник на настан во организација на Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ) на тема „Mожности за обезбедување фискална одржливост“.

На настанот министерот се задржа на искуствата на Северна Република Македонија во делот на подобрување со управувањето со јавните финансии.

– Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречувањето  перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг направивме огромен прогрес во управувањето со јавните финансии. Станува збор за сет од 10 крупни реформи направени во 2018 година. Истите ќе придонесат за постепено намалување на буџетскиот дефицит, контрола над јавниот долг, намалување на дефицитот во ПИОМ, сервисирање на наследените обврски и спречување создавање нови. Воедно со реформите овозможивме подобро насочување на социјалните трансфери до оние на кои им се потребни и поголема фискална транспарентност, истакна Тевдовски.
Во однос на идните планови за подобрување на фискалната транспарентност Тевдовски рече дека наскоро ќе стартува платформата за отворен трезор, преку која граѓаните во реално време ќе можат да ги следат сите буџетски исплати.

На прашањето за буџетскиот дефицит, вели дека определбата на Владата е постепена фискална консолидација преку строга контрола и силна буџетска дисциплина при намалување на помалку продуктивните расходи. Ваквата политика придонесува за стабилизирање на јавниот долг на среден рок.

– Буџетскиот дефицит годинава е проектиран на 2,5% од БДП. На среден рок се предвидува намалување на буџетскиот дефицит на околу 2 проценти, вели тој.

На настанот се обратија и Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан и Џорџ Копитс, виш научник во  Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ и член на Советот за јавни финансии на Португалија.

 


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …