Mинистерот за култура Асаф Адеми присуствува на Третата светска конференција за туризам и култура која се одржува во Турција


Министерството за култура на Република Македонија ве информира дека во периодот  од 3 до 5 декември 2018 година, министерот за култура Асаф Адеми присуствува на  Третата светска конференција за туризам и култура, „За доброто на сите“,  која е во организација на Владата и Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација (UNWTO) и УНЕСКО.

На овој настан присуствуваат високи претставници од Светската туристичка организација (UNWTO), УНЕСКО, министри и заменици-министри за култура од повеќе делови на светот, претставници на Светската банка, на приватниот сектор и други еминентни гости.

Во рамките на конференцијата, пред форумот на министри, претставници на повеќе земји министерот Адеми, денеска (3 декември),  ќе има и свое обраќање на   тема: Зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и културата.

На маргините на Конференцијата, Адеми ќе оствари и билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој како и со неговите колеги од земјите-учеснички на овој значаен собир.

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Адеми ќе присуствува и на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје и концерт на ДУО Скупи, настан кој е во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Истанбул.


Видете следно

Во Фондот за иноваци и технолошки развој презентиран предлог концептот за идниот НТП

Во Фондот за иновации денеска беше презентиран Нацрт предлог за основање на Научно технолошки парк …