Министерот за култура Хусни Исмаили во работна посета на институциите од областа на културата во Битола


Министерот за култура Хусни Имаили престојуваше во  Битола каде што  оствари работна посета на институции од областа на културата.

Министерот за култура при посетата на: Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски”; Народниот театар; Центарот за култура; Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Музеј на албанската азбука, се запозна со реализираните активности, но и со проектите што се реализираат со поддршка од Министерството за култура.

На средбата со директорите во овие институции, министерот за култура Исмаили истакна дека Министерството за култура во рамките на годишните конкурси континуирано ја дава својата поддршка за реализација на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата – драмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската и заштитата на културното наследство. Тој нагласи дека во рамките на Програмата за користење средства за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, за Општина Битола, за ентериерно уредување на објектот „Кино Манаки” – Битола, обезбедени се средства во износ од 8.637.607,00 денари.

Министерот за култура Исмаили напомна дека Министерството за култура традиционално ја дава својата поддршка за реализација на манифестациите од областа на културата во овој град, меѓу кои се: „Битола Шекспир фестивал”, Фестивалот на монодрамата, фестивалот „Илинденски денови” и други настани. Министерот за култура посочи и дел од проектите од областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои: систематските археолошки ископувања на Хераклеја Линкестис; реализацијата на конзерваторскиот проект за конзервација и реставрација во ентериерот на Мехмед Ефенди – Јени џамија во Битола; конзервацијата и реставрацијата на  фасадите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола (II фаза); истражувањето на локалитетот Велушка тумба и други проекти. Што се однесува до проектот за конзервација на црквата Св. Ѓорѓи во с. Курбиново, надлежната установа Завод и Музеј Битола работи на финалниот/збирен извештај од сите предвидени и преземени истражувања и финално конципирање на предлог проектната програма и финализирање на Проект за конзервација.

Министерот за култура Исмаили го посети и Сарајот во Ресен, кој претставува еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во нашата земја. Денес зградата на Сарајот е Дом на културата „Драги Тозија” и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …