Министерот за култура Исмаили оствари работна средба со в. д. амбасадорот на Државата Катар, Хамад Јасим Ал-Махмуд


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар, Хамад Јасим Ал-Махмуд. На средбата беа разменети информации за досегашната соработка меѓу двете земји, но беа нагласени и заложбите за интензивирање на културните врски, што би се постигналo со поголемо ангажирање и иницијативa од двете страни.

Културната соработка меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар до 2011 година се одвиваше без постоење на билатерален документ кој би ја регулирал соработката и како последица на тоа, обемот на реализирани активности беше на минимално ниво и далеку од можностите и интересот на Република Северна Македонија. Со желба за интензивирање на соработката на културен план меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар, во октомври 2011 година, при посетата на Емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, на нашата држава, потпишана е Спогодба за соработка во областа на културата. Во согласност со потпишаната Спогодба, во 2012 година Ансамблот за народни игри и песни „Танец” реализираше гостување во Националниот театар на Катар во Доха.

На средбата беше нагласено дека на 38. заседание на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство, кое во 2014 година се одржа во Доха, учествуваше и македонска делегација која беше составена од претставници на Министерството за култура и на Управата за заштита на културното наследство. На крајот од средбата соговорниците се согласија комуникацијата и размената на културни проекти меѓу двете држави да продложи и во иднина.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …