Министерот за култура се сретна со студенти од Интернационалниот Балкански универзитет


Министерот за култура Асаф Адеми вчера во просториите на Министерството за култура оствари кратка средба со професорот Бејтула Демири од Интернационалниот Балкански универзитет. На средбата, на која беа присутни и студенти од овој Универзитет, министерот Адеми ја претстави работата и активностите на Министерството за култура.

Оваа средба на студентите од Одделот по политички науки на овој Универзитет беше дел од нивната практична работа за запознавање на функционирањето на институциите во Република Македонија.


Видете следно

Уште еден министер во задолжителна самоизолација до 9 јуни

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска од денеска е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата …