Министерство за култура: Културата обединува, а не пресметува


Министерството нема да навлегува во „математиките” на партиите. Културата обединува, а не пресметува. Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра, на штета на културните работници и уметниците, доволно говори за ланската математика која била правена во Министерството, а сега е предмет  на финансиската  полиција.

Министерството за култура останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за Годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.

Нашата земја е мултикултурна, вредност која сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме.


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …