Министерството за култура реагираше по информацијата за одложување на Офф фест


Министерството за култура има разбирање за сите потешкотии со кои се соочуваат корисниците при реализацијата на нивните проекти во вонредни услови на светска пандемија, вклучително и за потребата за поместување на термините за одржување на настаните.

Впрочем, како што се случи и минатата година со Офф фест, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализациоја на проектот.


За најавеното одложување на Офф фест од јуни за ноември, Министерството за култура информира дека договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот туку поднесе и забелешки.

Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура.


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …