Министерството за правда предлага до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина,


Владата на 19-тата седница го разгледа предлог на Министерството за правда за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со кои се регулира зголемување на глобите (до 20 пати поголема од сега регулираната казна), од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони.

Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.

-Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање на потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина, се наведува во соопштението од владината прес-служба. ир/дма/

Скопје, 11 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

Повторно висок број новозаболени од коронавирус: Еве каква е состојбата денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани …