Фото: STR / EPA

Министерството за здравство ги даде резултатите за последното лице за кое се чекаа резултатите за корона вирус


Министерството за здравство информира дека резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус.

Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус, информираат од Министерството за здравство.

Од министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …