Министрите за образование од регионот во Белград за дигиталната трансформација на образовниот систем во Западен Балкан


Maкедонија успешно започна со реализација на проектот British Council „Училишта зa 21 век” со воведување во наставата на Mикро бит, џебен компјутер кој се користи за учење на програмирање и кодирање од најраната возраст, изјави Гордана Јанакиевска од скопскиот Образовен институт.

Таа на регионалната конференција за дигитална трансформација на образовниот Систем на Западниот Балкан во Белград, организирана од страна на British Council, рече дека првите сериозни чекори за дигитализација на наставата во Македонија се онлајн курсевите кои наставниците забрзано ги посетуваат, со цел исчезнување на дигиталниот јаз меѓу нив и нивните ученици.

Претставниците на министерството за образование од регионот денес ги усогласија препораките за дигиталната трансформација на образовниот систем како дел од стратегијата за унапредување на образованието на Западниот Балкан во идниот период.

Заклучоците за надминување на дигиталниот јаз во образовниот систем во регионот ќе бидат претставени на 10 jули на Самитот за Западен Балкан во Лондон, во рамките на Берлинскиот процес, инициран од Ангела Меркел со цел да ја подобри соработката меѓу земјите од Западен Балкан и подобра подготовка за полноправно членство во ЕУ.

Eвропската Комисија проценува дека во блиска иднина 90% од работите ќе бараат дигитални вештини, a во моментов 47% од населението на Европската Унија нема соодветни знаења во оваа област. Статистиката е уште полоша во земјите од регионот.

Дигитализацијата на образовниот систем подразбирa воведување на дигитални вештини со алгоритамско размислување и кодирање, развој на дигитални вештини на наставниот кадар, обезбедување пристап до образовните ресурси за дигиталните вештини, развивање на програми за континуиран професионален развој на предавачи, ангажирање на работодавачи во врска со образовниот систем

Стратешкиот пристап кон развојот на дигиталните вештини на младите луѓе може да го поддржи развојот на производите и услугите кои ѝ се неопходни на економијата, да обезбеди можност за вработување, да го намали одливот на мозоци…

“Велика Британија пред само неколку години ја откри лошата дигитална писменост кај поголемиот дел од населението и 2016. година во наставата на сите основни училишта го воведе џебниот компјутер Microbit кој се користи за многу предмети во училиштата, им помага на наставниците да им пристапат на децата на современ начин и да станат поактивни. За само две години употреба на Microbit во училиштата се постигнаа одлични резултати кога се работи за дигиталната писменост”, рече Клер Сирс од Британскиот совет, кој донираше Microbit уреди во 60 училишта на Западниот Балкан како дел од пилот проекот.

Таа додаде дека во моментов се подготвува воведување на овој џебен компјутер во уште 90 основни училишта во регионот и дека долгорочна мисија на British Council е џебниот компјутер да се вклучи во сите училишта на Западниот Балкан.

***

Microsoft (Nasdaq “MSFT” @microsoft) овозможува дигитална трансформација во ерата на интелигентнот облак и границите на интелигентните технологии. Мисијата на компанијата е да ги поттикне секој човек и секоја организација на планетата да постигнат повеќе.

British Council е меѓународна организација за културни односи и образование од Велика Британија. Ние градиме доверба и разбирање меѓу жителите на Велика Британија и другите земји во светот. Ова го правиме преку позитивен придонес за Велика Британија и земјите каде што работиме – ги менуваме животите преку создавање можности, ги поврзуваме луѓето и ја поттикнуваме довербата. Нашите активности во областа на уметноста и културата, англискиот јазик, образованието и граѓанското општество ги спроведуваме во повеќе од сто земји. Секоја година, преку нашите проекти, доаѓаме во директен контакт со над 20 милиони луѓе, а преку дигиталните и мас-медиуми со повеќе од 500 милиони. Основани сме 1934. година како британска непрофитна организација основана со кралската повелба, но ние сме и организација на британска влада. Белград е еден од првите осум градови во светот во кои British Council отворил своја канцеларија 1940. година. Секоја година соработуваме со илјадници ученици, наставници, носители на одлуки, истражувачи, вработени во креативните индустрии и претприемачи во Србија.

Видете следно

Наградени победниците на натпреварите од средните училишта во Скопје

Градоначалникот Шилегов вчера (21.06.2018 година, четврток) во Салата на Советот на Град Скопје, им додели …