Министрите за туризам на Израел и Бахреин првпат разговараа за туристичката соработка


Ерусалим, 17 септември 2020 (МИА) – Министрите за туризам на Израел и Бахреин денеска првпат телефонски разговараа за туристичката соработка, која вклучува патувања во Обединетите Арапски Емирати.

Разговорите меѓу израелскиот министер Асаф Замир и неговиот колега од Бахреин Зајед бин Расид ал Зајани следат по потпишувањето на договорот за воспоставување односи меѓу двете земји, во вторникот во Вашингтон.

На истата церемонија, ОАЕ и Израел ги официјализираа односите.


Видете следно

Русија и Кина развија „стратешко партнерство”, но досега ја исклучија можноста за формирање воен сојуз

Владимир Путин денес изјави дека нема потреба од руско-кинески воен сојуз сега, но дека може …