МИОА: Продолжуваме да ја дигитализираме работата на државната администрација за граѓаните и деловните субјекти


До крајот на 2021 година ќе овозможиме најмалку 30 отсто од органите на државната управа да имаат воведено електронски систем за автоматизација на административни постапки, а до крајот на 2024 година системот да биде воведен во сите органи на државната управа, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Од МИОА потсетуваат дека на последната владина седница се усвои Информацијата за состојбата на дигиталната трансформација во контекст на електронски услуги, клучни институции, пречки и следни чекори за дигитализација.


До сега преземени чекори за дигитална трансформација се Платформата за интероперабилност, Централниот регистер на население, Националниот портал за е-услуги, Платформата за електронско управување на услуги (eSDP), Информацискиот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, Системот за електронско управување со документите – ДМС и подобрување на ИТ инфраструктурата.

Од МИОА велат дека бројот на услугите на Националниот портал за е-услуги во моментот е 137, а во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Управата за водење на матичните книги и наскоро, како што велат, ќе го зголемат бројот на е-услуги на порталот, вклучувајќи услуги на овие институции. ар/мд/

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …