Митко Јанчев бара смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ


Сосема нормално е да се постави прашањето за смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за тоа прашање. Станува збор за уште едни загубени избори, четврти по ред, ги загубивме локалните, загубивме на референдумот, загубивме на претседателските, а сега и на парламентарните избори, изјави за БГНЕС градоначалникот на Кавадарци и член на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

-Се уште не сфаќам зошто не го признаваат Договор за пријателство со Бугарија, како и Преспанскиот договор. Во целина станува збор за лошата политиката и лошите менаџирања на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да има приземјување на раководството, вклучувајќи и промена. Така стојат работите, нема друго, рече Јанчев.

Според него политичката ситуација е „доста жална, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, кои за малку победија на изборите, бидејќи и двете партии освоја малку гласови”.

-Без ралика за колкава победа станува збор, СДСМ победи на изборите. Нашата партија од 470 илјади падна на 320 илјади до 340 илјади гласови. Дури и околу 300 илјади гласови. Ова бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. ВМРО-ДПМНЕ денеска има потреба од единство, сплотеност и и можност секој да работи како што треба и слободно, рече Јанчев.

На прашањето дали ќе се вклучи во промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев одговори потврдно. Тој посака што е можно побрзо да биде формирана Влада, за да може државата нормално да функционира во секакви околности.

Скопје, 16 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Кордалов за МИА за темата образование: Дигитализацијата е од интерес на секого

Образовните институции имаа доволно време да дејствуваат и да преземат конкретни мерки и чекори кои …