Мицкоски: Гордана Силјановска Давкова ќе биде иден претседател на Република Македонија


Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во принцип во минатото побаравме дуел со претседателот на владата, гопсодинот Зоран Заев, побаравме предвремени парламентарни избори и во двата наврати бевме одбиени.

Цениме дека државата не оди во вистинска насока, дека оди во погрешна насока и токму од тие причини инициравме една ваква средба во ваков формат.

Генерално темите би ги поделил во два дела. Првиот дел е обезбедување на услови за одржување на фер претседателски избори во кои што ние како опозиција цврсто веруваме дека ќе ги победиме. И второт дел беше оној во кој што разговаравме за таканаречените реформски закони, односно законите кои што се дел од реформската агенда која што е неопходна за конечно Македонија еве после оној обид од минатата година да добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија.

Отприлика тука би го заокружил денешниот состанок. Разменивме факти разменивме аргументи од наша страна, ги слушнавме аргументите од страна на владата.

Македонија мора да продолжи да се движи во вистинска насока, Република Македонија мора да има иднина за сите граѓани и Република Македонија мора да биде достоинствено место за живеење за сите граѓани во Република Македонија.

Го пренесов и чувството кое што постои помеѓу политичките неистомисленици дека имаме чувство на политички прогон кој што се случува. Така што мислам дека беше корисна оваа средба за релаксирање на политичките околности во државата, за еден кредибилен изборен процес, за една кредибилна претседателска трка која што следува, која што повторно ќе кажам ние сме цврсто убедени на крајот од денот дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде иден претседател на Република Македонија. Но и онаа реформска агенда која што е неопходна за Република Македонија да го добие конечно оној датум за отпочнување на преговори со Европската Унија.


Видете следно

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот на цената на квалитетните станови

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но …