Мицкоски: Избори не може да има до 30 јули, ако Владата сака да исполни дел од мерките од вториот и третиот сет


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски денеска на прес-конференција предупреди дека дел од антикризните мерките од вториот и од третиот сет нема да можат да бидат реализирани доколку не биде продолжена вонредната состојба на 30 мај бидејќи потоа стапува во сила членот 8а од Изборниот законик, и сите вонредни исплаќања се кривично дело.

-Ако е Владата чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача тогаш избори не може да се случат шеесет дена од престанокот на воонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните, рече Мицкоски.

Соред него, економската поддршка не само што не е испорачана туку е два до 2,5 пати помалку од она што било предвидено од Владата. Единственото економско достигнување остварливо за Владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за четири месеци.

Помошта за април, овој месец ја добиле само 17.813 правни субјекти односно 110.000 вработени, и тоа е 2,5 пати помалку од она што било предвидено со уредбата. Во однос на мерките од третиот сет, Мицкоски кажа дека Владата се уште не соопштила методологија врз основа на која ќе ги дели ваучерите, ниту пак од каде ќе најде пари за тоа. За ВМРО-ДПМНЕ овој сет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна фукнкција и може да се каже дека е изборна измама.

Обвини дека сето ова има за цел да биде едно ветување предизборно, преку еднократна мерка.

Продолжува на следната страна


Видете следно

Овој град во Македонија после Скопје има најмногу активни случаи на заболени од корона вирус

Вчера беа регистрирани нови 62 случаја на КОВИД-19, во Скопје 24, во Куманово 2, во …