Мицкоски: Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски на својот Facebook профил ја прифати понудата за дебата со премиерот Заев на Канал 5 телевизија. Тој напиша:

„Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.

Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.

Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.

Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!“

 


Видете следно

Куновска ги наведе причините заради кои не и се верува на оваа власт …

„Мал писмен придонес до ЦО на СДСМ Заев: Пораките од граѓаните се јасни, арогантните, недостапните …