Мицкоски ќе бара предвремени парламентарни избори


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бара предвремени парламентарни избори, ако Гордана Силјановска победи на претстојните претседателски избори.

„Неправдата во државата, ќе се исправи, само ако се преземат институциите. Тој процес започнува со победа на 21 април и потврда на таа победа на 5 мај. Потоа следи организирање на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Потоа Мицкоски се упати кон Демир Капија каде изјави:

„Бев во Демир Капија. Порачав дека нашата борба е за правда, нивната е само за власт со која ќе донесат нова неправда.

И треба да се знае дека во оваа битка народот е на една страна, а Зоран Заев и Стево Пендаровски на друга.

И ги гледам дека се прават дека не им е јасно што било неправдата во нашето општество, па еве ќе им кажам:

Неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето.

Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија.

Неправда е кога студент со 10 просек си оди од државата, зошто сигурно на негово место се вработила некое дете на функционер на власта.

Нема правда кога луѓе од власта продаваат фирма на грчко електростопанство за вносна сума, и два дена потоа истите тие лицитираат со ново име на државата и се залага за промена на името.

Неправда е кога убијци на деца шетаат на слобода, патриоти се судат на 2 века казна, а терористи на ИСИС само 6 години.

Неправда е и што земјоделците мака мачат со пласман на производството, ама оној млад министер за земјоделие се фали како шопингувал во Дубаи.

Неправда е и плачот на родителите на мистериозно исчезнатите деца, и кога наместо државата да им помогне, ќе добијат пријава од премиерот дека бил вознемируван.

Неправда е и слободата за убиецот на Мартин Јанушев, но и малиот Саздо.

Ако сакате да го смените ова, мора да ја земете власта во свои раце, и да побараме правда за Македонија. Изборите кои доаѓаат се таа можност.

Ова за што ние се залагаме е правда во која можете да верувате. Иднина во која можеш да верувате“.


Видете следно

Домашните компании и домашните инвестиции треба да се главен приоритет во развивање на бизнис климата во СР Македонија

Во организација на Здружението на индустриска зона Визбегово, а со цел континуирано подобрување на бизнис …