Мицкоски: Македонија ја носи промената, промената која ќе донесе правда над неправдите, ќе донесе надеж


Вчера се одржа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, каде обрати лидеротна партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател на РСМ, Гордана Силјановска. Денес митинг има закажано владеачката СДСМ за нивниот кандидат за претседател на републиката Стево Пендаровски.

„Македонија ја носи промената, промената која ќе донесе правда над неправдите, ќе донесе надеж поразувајќи ја безнадежноста. Бајракот на победата се вее гордо, високо. Овие избори се шанса да се избориме за нас, за вас, за вашите деца, за вашите пријатели, за заедничката иднина и надеж. Ова е борба за нашата татковина. Затоа што не наведнавме глава кога беше најтешко, а тогаш човек минува низ страдања и искушенија кои се кршат на неговиот грб, но ние Македонците имаме пркост која победува неправди големи како планини, но и љубов кон нашата татковина поголема од се друго. Таа љубов не исправа на правиот пат колку и тој да е тежок, колку и да калив и темен. Колку повеке овој скршен систем те притиска, толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Еден ден после многу време – ќе можете гордо да кажете бидејќи татковината ме повика! Јас бев еден од оние кои ја донесоа правдата за Македонија! Да живее суверена и самостојна Република Македонија!“, напиша Мицковски на Facebook.


Видете следно

ГДУ: Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот. Почнете од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин

Ви пренесуваме интегрален дел од текстот од соопштението на ГДУ: „Наместо дрва, никнаа згради. И …