Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме


Ние нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме. Но ние како што јас тоа го зборувам на настаните на средбите со граѓани, ветуваме она кое што цениме дека ќе го испорачаме. Затоа што граѓаните се уморни од неисполнети ветувања и нереализирани очекувања. Затоа тоа што го нудиме таму имаме намера сериозно да го испорачаме бидејќи имаме јасна дефинирана методологија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на телевизија Сител.

-Ние чуда не ветуваме, чуда се невозможни, а ние не сме волшебници. И практично сето тоа што таму е содржано во овие 360 страни, ние имаме намера да го испорачаме. И ќе го испорачаме. И слободно затоа велиме се обврзуваме”, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски додаде дека програмата се содржи главно во три столба. Првиот столб е економски развој на државата. Втор столб е право и правна држава, а третиот столб од програмата е интензивна, брза, робусна интеграција во ЕУ.

Скопје, 12 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Осум програми за макрофинансиска помош во поддршка на земјите во процес на проширување и земјите од соседството, за С.Македонија 160 милиони евра

Европската Комисија (ЕК), во име на ЕУ, од денеска договори Меморандуми за разбирање (МзР) за …