Мицковски: 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски пред да заврши гласањето на Претседал на Република Северна Македонија на Facebook напиша:

„Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина. Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас. Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Видете следно

Еве што порача Али Ахмети по лидерската средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави …