Мицковски се заблагодари и поклони за победата на „хотел коалицијата“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа по пребројувањето на гласовите, одржа прес конференција во која се заблагодари на победата на неговите подржувачи.

„Но, ова што денеска вие заедно со нас го направивте е победа пред се на нашата заедничка татковина Република Македонија, јас уште еднаш ви благодарам и ви се поклонувам за тоа. И што е најважно ја победивме хотел коалицијата. Драги браќа и сестри, добри луѓе, Доаѓа правдата, правдата за Македонија! Правдата за која се обединивме, окрупнивме, за која добивме сила, правда та која беше нашата водилка, правдата која што му е насушно потребна на нашиот народ и на нашата татковина. Затоа што однародената власт на Зоран Заев донесе неправда, донесе криминал, донесе корупција. Криминал и корупција поради кои што страдаат сите граѓани. Оваа победа е велика затоа што е на народот и во вистински момент. На секој еден човек кој почувствувал на своите плеќи неправда, и истовремено одговорил борејќи се за правда.“

-Победи Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, најголемата, најсилната, коалиција, наспроти однародената власт предводена од Зоран Заев, СДСМ и уште други 30тина партии кои што за жал одбраа да му бидат слуги на Зоран Заев. Народот против целата власт. Власта е делегитимирана, почна падот на Зоран Заев и секој треба да е свесен за тоа, а особено тој која ја влече назад целата држава, тој има име и презиме, Зоран Заев, подвлече Мицкоски.

– Гордана е идниот претсетдател на Македонија. Ајде сите да се обединиме во вториот круг околу идниот претседател Гордана Силјановска Давкова – рече тој.


Видете следно

Претседателот Пендаровски прими делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна со делегација на Вооружените сили …