Мицотакис: Очекувам стапката на раст да надмине седум отсто во 2021 година


Економијата импресивно закрепнува, очекувам стапката на раст да надмине седум отсто во 2021 година и пет проценти во 2022 година, вели премиерот на Грција Киријакос Мицотакис во интервју за „Вашингтон пост”, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер истакнува дека невработеноста во земјата се намалува, а младите за првпат се враќаат назад.


За односите со Анкара, Мицотакис објаснува дека „ако Турција продолжи со агресивното однесување може да има последици за неа, санкции од ЕУ”.

-Од друга страна, ако Турција престане со нејзиното агресивно однесување во Егејското Море и Источниот Медитеран, има простор да седнеме на маса и да ги решиме нашите разлики, истакнува Мицотакис.


Во однос на евентуална посета на САД, во интервјуто коментира дека тоа, би можело да се случи во првата половина на 2022 година.ср/

Атина, 25 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Министерот Бесими го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до Собранието

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот …