MixBit – новиот YouTube


Еден од основачите и поранешен шеф на YouTube Чад Харли го објави лансирањето на новиот видео сервис MixBit, пренесува технолошкиот портал Mashable.

Според зборовите на креаторите, проектот нема да биде директен конкурент на YouTube, а е создаден со цел да стане платформа за соработка и создавање на кориснички видео содржини.


Според прелиминарните податоци, MixBit ќе стартува кон крајот на април. Изјавата на поранешниот топ менаџер на YouTube беше објавена на 1 април, токму кога Google се пошегува дека планира да го затвори видео порталот.

За прв пат Чад Харли изрази желба за создавање на нов видео сервис на почетокот на минатиот месец. Доменот MixBit.com е купен во март 2013 година за повеќе од 2 илјади долари.


Основачите на YouTube Чад Харли, Стив Чен и Џавед Карим ја продадоа услугата на гигантот Google во 2006 година за 1.65 милијарди долари. Во моментов, Харли и Чен се сопственици на AVOS, која е компанија-мајка на startup компанијата како Delicious и Zeen.


Видете следно

ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата …