Младите инженери од Македонија примени во европското семејство


Младите инженери од Асоцијацијата на здруженијата на инженери – Инженерска институција на Македонија станаа полноправна членка на Европската федерација на млади инженери. Членството го официјализираше Советот на Федерацијата на конференција во Малта, која се одржа од 4-ти до 7-ми октомври, каде ИМИ ја презентираше својата работа, како и целите и задачите што ги имаат младите инженери во оваа струкова институција.

Делегацијата во Малта ја предводеа претседателот на Инженерската институција на Македонија, професор д-р Христина Спасевска и претставник на младите инженери, магистер Александар Крлески.

„Ова е значаен настан за Инженерската институција на Македонија како единствена професионална асоцијација што обединува дваесет здруженија од сите области на инженерството и ги потврдува нашите заложби континуирано да придонесуваме за подобрување на условите за работа и напредување на младите инженери во Македонија. Соочени со нивниот одлив од земјата, членство на нашата организација во Федерацијата ќе овозможи размена на искуства на европско ниво и нивно пренесување државата, со цел да се направат ефикасни политики за нивно задржување во Македонија“, вели професор Спасевска.

За Крлески, ова е можност младите инженери од Македонија да комуницираат со повеќе од 250 илјади инженери и студенти од Европа.

„Нашето членство во Европската Федерација ќе придонесе со уште 20 други организации  од 17 земји  заеднички да работиме, претставувајќи 250 илјади млади  инженери и студенти, кои веќе се дел оф Федерацијата. Наша цел е преку заедничко дејствување на граѓанско и политичко ниво, да градиме една европска иднина,  разменувајќи го нашето знаење, искуства и култура“, додава Крлески.


Видете следно

Oбезбедени се средства за заокружување на „Ветерен парк Богданци“

Потпишани се спогодба и договор за обезбедување средства за изградба на втората фаза од проектот …