Breaking News

Младите лекари во Британија најавија четиридневен штрајк од 11 април, бидејќи не добиле подобра понуда за зголемување на нивните плати


Синдикатот кој ги претставува младите лекари во Велика Британија денеска најави дека ќе одржат четиридневен штрајк, почнувајќи од 11 април, бидејќи Владата не дала нова подобра понуда за зголемување на нивните плати.


Во соопштението на синдикатот се наведува дека младите лекари ќе штрајкуваат се додека не бида платени „толку колку што вредат“.


Десетици илјади млади лекари од 13 март одржаа тридневен штрајк низ Велика Британија, барајќи зголемување на платите во согласност со инфлацијата, што Владата го одбива, наведувајќи дека тоа ќе предизвика уште повисока стапка на инфлација.

Во Велика Британија од крајот на минатата година почнаа штрајкови на работниците во многу области, кои бараа зголемување на платите во согласност со инфлацијата. рп/


Лондон, 23 март 2023 (МИА)