ММФ ќе ја мери кондицијата на Македонија за враќање на долговите


Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од директорката на ММФ за Македонија Иванна Владкова Холар, од денеска, па сè до 5 ноември ќе престојува во Скопје и ќе ја проценува способноста на државава да ги враќа кредитите, пренесува мкд.мк.

Контролната мисија, составена од претставници на ММФ дојдени директно од Вашингтон, ќе собира информации поврзани со економските парамери за кондицијата на земјата навремено да ги сервисира своите обврски кон странство.

„Во рамките на Пост-програм мониторинг (ППМ) на македонската економија ќе имаме разговори за да изготвиме извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ. Пост-програм мониторинг (ППМ) програмата е наменета за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани“, соопшија од ММФ.

Првата ваква проверка заврши во мај, а ова ќе биде втора контрола. Според извештајот од првата мисија, ММФ очекува раст на македонската економија од 3,5 проценти, но укажа дека е потребно одржување на буџетскиот дефицит на ниво кое нема да води кон натамошно зголемување на јавните долгови.

По завршување на оваа мисија се очекува нова оценка за кондицијата на економијата на Македонија за навремено сервисирање на долговите кон странство.

Тимот на ММФ ќе има разговори со претставници на надлежните институции, но и со експерти и бизнисмени.



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …