ММФ: Кипар излегува од рецесијата во 2015


Во 2015 година Кипар треба да се врати на раст, по три години длабока рецесија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд, но додаде дека земјата ќе мора да се осигура дека нејзината програма за строги ограничувања на трошоците нема да излезе надвор од контрола.

ММФ се согласи во март да му обезбеди на Кипар околу 1 милијарда евра помош, заедно со уште 9 милијарди евра од ЕУ за да се спречи колапсот на економијата. Денеска објавениот извештај ја поддржува оваа одлука и изразува задоволство од преземените чекори за реструктуирање на економијата, но предупредува дека треба да се дојде уште подалеку за постигнување на долготрајна стабилност.

Во извештајот се вели дека БДП на островската држава се очекува да се зголеми со скромни 1,1% во 2015 година. Фондот предвидува дека таа ќе регистрира пад од 8,7% оваа година и со уште 3.9% во 2014 година.

Во исто време, во извештајот се предвидува дека веќе високата невработеност се очекува да достигне 15,5% оваа година и 16,9% следната година, по што ќе се намали до 14,6% во 2015 година.

Проекциите на ММФ за 2013 и 2014 година се исти како оние на ЕК, која неодамна ги објави пролетните прогнози за економијата на земјите членки на ЕУ.


Видете следно

ОЈО: откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на …