Mоја скопска приказна, со зголемен награден фонд и продолжен рок за аплицирање


На проектот насловен Моја скопска приказна, што е во организација на Стримон Филм Скопје, со финансиска поддршка од Делегацијата на Европска Унија и Еуролинк Осигурување А.Д Скопје, досега се пријавени повеќе од 50 учесници. Големиот интерес беше и главна мотивација организаторите да го продолжат рокот за аплицирање и да ги зголемат вредностите на предвидените награди.

Моја скопска приказна е отворен конкурс за фотографии, инспирирани од фасади на објекти коишто го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. На конкурсот може да аплицираат сите кои ќе направат композиција од пет фотографии на стари автентични скопски фасади и да се натпреваруваат за една од трите вредни парични награди, 500 евра за прво место, 300 евра за второ место и 100 евра за трето место. Критериумите за оценување вклучуваат приказ на архитектурата и особеностите, како и оригиналност и креативна композиција. По завршување на конкурсот, најдобрите и наградени фотографии ќе бидат претставени на изложба во Музејот на современа уметност во Скопје, на 8 мај 2018 година.

Рокот за аплицирање е продолжен до 20 април 2018 година, а сите подетални информации за проектот и конкурсот се достапни на следниот линк.

Видете следно

28 септември е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  …