Монструми од Велес малтратирале куче – крвнички го тепале и „во живо“ му ги исекле ушите


Монструми од Велес крвнички тепале и малтретирале куче, а потоа „во живо“ му ги отсекле учите.

„Го одвлекле, крвнички го тепале и малтретирале и на крај на живо му ги отсекле ушите на најмилото куче во градот… сеуште секое сабајле,веќе точно 24 години и 4 месеци, се будам во земја каде ова е секојдневие и немам веќе сила.

Кога викам дека немам веќе сила, не мислам дека немам сила како во сите досегашни постови каде објаснуваме дека сме финансиски и на сите начини исцрпени, туку дека немам сила да постојам веќе во земјава и само сакам да одам – Каде? И јас не знам. Каде што нема да морам да спасам ниту едно животно веќе никогаш. Ако постои такво место некаде!

Во последно време најмногу се занимавам со тивок активизам – се обидувам да си го спасам она што ми остана од психичкото здравје после толку години активизам на терен.

Инаку на темата, кучево е кај нас. Веднаш по завршувањето на терапиите ќе мораме да го вратиме назад доколку не најдеме фостер или дом.

Случајот го пријавивме во полиција!

Ве молиме доколку можете да помогнете со сместување или сакате да го вдомите контактирајте не во порака.


 


Видете следно

Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на Планинарска трка Охрид треил

Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на Планинарска трка …