Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Русија


Намален е кредитниот рејтинг на Сбербанк, банката ВТБ, Газпромбанк, Роселхозбанк, Внешкомбанк, Алфа банка и Агенцијата за хипотекарни станбени кредити. Прогнозата за долгорочните рејтинзи на останатите финансиски институции е негативна.

На крајот на минатата недела Moody`s го намали кредитниот рејтинг на Русија за еден поен од Baa1 на Baa2 со прогноза „негативна”. Како основа беа истакнати „воздржаните среднорочни перспективи” за економскиот раст, длабочината на кризата во Украина и санкциите против Москва.

Од Moody`s предвидуваат „постепено, но неповратно намалување” на девизните резерви на Русија, предизвикани од истекување на капиталот поради санкциите, тешкотии во пристапот на должници до меѓународните пазари на кредитирање и падот на цените на нафтените деривати.

Од руското Министерство за надворешни работи соопштија дека намалувањето на рејтингот нема да има сериозно влијание врз вредноста на надворешните заеми со зборовите: „Откажувањето од кредитирање секогаш е констатирано како можност кај нас”.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …