Moody’s ја зголеми прогнозата на ЕУ


Меѓународната кредитна агенција Moody’s ги оцени изгледите на Европската унија / ЕУ / од “негативни” во “стабилна”.

Во својата нова проценка Агенцијата го нагласува подобрувањето на финансиите на земјите -членки, како и смалувањето на ризиците поврзани со должничката криза во Еврозоната.

Moody’s го потврди кредитниот рејтинг “ААА” на ЕУ, при што од Агенцијата објаснија дека главната причина за промената во прогнозата е подобрувањето во кредитоспособноста на најголемите акционери во рамките на ЕУ. Се наведува и промената во позитивна насока на рејтингот на Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија, кои во последно време беа ревидирани на ниво стабилни или позитивни.

ЕУ се соочува со помал ризик од внатрешните долгови по подобрувањето во рејтингот на Португалија и Ирска, кои користеа спасувачки програми обезбедени од ММФ и ЕУ, потврдија уште од Moody’s.


Видете следно

Интервју со Максимо Тореро Кулен: План за борба да се осигура глобално снабдување со храна за време на кризата COVID-19

Пандемијата COVID-19 го доведе светот во криза, со невидени активности за рестрикција на движењата и …