Рецесијата во еврозоната ќе биде подолга и подлабока отколку што се очекуваше досега, прогнозира меѓународната рејтинг агенција Moody’s, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според експертите подлабока од очекуваната рецесија во еврозоната, проследена со значително намалување на кредитирањето, може да ја зајакне должничката криза.
Загриженоста на Moody’s се потврдуваат од податоците за БДП во еврозоната за првиот квартал. Тие покажуваат дека Франција, Италија и Португалија влегле во рецесија со два последователни квартали од економски пад. Седум последователни квартали на пад има во Кипар, пет има во Чешка.