Москва гради подводно метро како во Кина


Москва планира изградба на подводно метро чии станици ќе бидат под Москва, соопштуваат руските медиуми. Делницата меѓу станиците ” Деловен центар ” и ” Третјаковскаја ” ќе минуваат под реката Москва. Подводниот тунел ќе биде со должина од 5 километри, но конечното решение засега не е избрано, соопшти пред телевизија ” Москва 24 ” шефот на одделот за градба Андреј Бочкарјов.

Големите проекти се со рок за реализација до 2020 година, а за таа цел се отвораат 400 нови градилишта. Но, пред да започне изградбата на подводната линија на московскиот Метрополитен, во Москва ќе се отворат пет нови метро станици.

Подводното метро веќе многу години се користи во Европа и Азија, при тоа со голема должина на тунелите. На пример, во градот Уухан ( Кина ) во 2012 година се отвори линија под реката Јангце. Делницата под дното на реката е прогласено за најдолга подводна линија во Европа и Азија, а тунелот во неа е длабок 28 километри. Возот го поминува тоа растојание за само 3 минути.


Видете следно

Владата ја одржа 58-та седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот …