Breaking News

МОЖНОСТ ЗА ПИСАТЕЛИ, ПРЕВЕДУВАЧИ, ДРАМАТУРЗИ, ПОЕТИ, ИЛУСТРАТОРИ, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕРИ И СТРИП АРТИСТИ ДА ПРЕСТОЈУВААТ ЕДЕН МЕСЕЦ ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ


 


 


Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од нашата земја и Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во една од гореспоменатите партнерски држави.

Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела од наведените земји.


РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец.

Повикот е отворен од 1. март, а ќе трае до 30. март 2023 година.


Отворениот повик е објавен на англиски јазик, зашто тоа е официјалниот јазик на резиденцијалниот програм.

Повеќе информации во врска со Отворениот повик за апликации може да најдете на следниот линк: https://www.goethe.de/ins/mk/kul/sup/rea.html