Можноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна како никогаш досега


Асоцијацијата на менаџери на Македонија со гордост го најавува ексклузивниот тренинг за бихејвиористички техники на продажба со проф. д-р. Сем Вакнин. Тој за сите заинтересирани ќе биде во Скопје на 24 ноември 2018 година. Ова е ексклузивна можност за ониe кои се заинтересирани да ги трансформираат техниките на продажба и односите со клиенти, од човекот кој е најдобар во светот.

Тренингот на проф. д-р. Сем Вакнин ќе трае 6 часа и ќе има за цел да достигне „Експлодирање во продажбата“, што е воедно и носечкиот наслов на самиот настан. Од Вакнин присутните ќе може да научат револуционерни техники за продажба. Тој е и професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии). Како автор на книгите „Малигно самољубие: Навраќање на нарцисизмот“ и „По дождот – Како Западот го изгуби Истокот“ тој го придобива вниманието на цел свет и затоа за неговата работа има 7 меѓународни документарни филмови. Со над 20 милиони прегледи на YouTube и цитати во најпрестижните академски списанија како Psychology Today тој има остварено многу во сферата на психологијата и психијатријата. Затоа има интервјуа за CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други. Повеќе за него може да се најде и на http://www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html.

Како член на повеќе од 12 меѓународни организациони одбори за конференции по психологија и психијатрија и како уредник во академски списанија, проф. д-р. Сем Вакнин има одржано стотици тренинзи и настани. Сепак, најуникатниот, кој е воедно и единствен во светот, ќе го реализира во Македонија. За повеќе информации како да се стане дел од ова исклучително искуство може да се контактира Асоцијација на менаџери на Македонија на info@amm.com.mk.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …