SAMSUNG CAMERA PICTURES

Можности за унапредување на ситемот на собирање и дистрибуција на вишокот на храна во Општина Крива Паланка


На покана на градоначалникот Мицевски, денес во општина Крива Паланка беше претставник на  граѓанското здружение ,,Сите Сити“ од Скопје, г. Блаже Јосифовски, со кој се разговараше за системот на донирање и дисрибуција на вишокот на храна во општината.

На работниот состанок, Мицевски ја изнесе идејата и потребата од проширување на постоечките народни кујни и разработка на идеи и начини за што поефикасно собирање и дистрибуција на храната од локалните ресторани,пекарски фирми и млекари.

Во моментот во општината имеме  вкупно 92 корисника на дневни оброци од кои 37 се во општина Ранковце, но нашите согледувања се дека има потреба од зголемување на дистрибуцијата на храна на различни групи на корисници со специфични потреби, а за тоа ни е потребен поефикасен и директен начин на собирање на храната, рече Мицевски.

Претставникот од здружението ,,Сите Сите“ ги пренесе нивните позитивни искуства во системот на донирање на вишокот на храна на територијата на град Скопје, како и пилот програмата за ваквите активности, која ова здружение веќе ја спроведува во општините Прилеп и Куманово.

На состанокот беа договорени идните чекори со кои, преку меѓусебна соработка и активности на општина Крива Паланка со граѓанските здруженија, ОО на Црвен Крст и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, ќе се подобрат и унапредат можностите на веќе постоечкиот начин на собирање и дистрибуција на вишокот на храна.


Видете следно

Струга по 58- ми пат ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуените културни манифестации во земјава

Струга задутре, 21 август, по 58- ми пат ќе стане сцена на една од најголемите и …