Breaking News

„Мразам playback“ – изложба на фотографии од Никола Јовановиќ


Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ насловена „Мразам playback“, која е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко, вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 2.


На изложбата ќе бидат претставени 25 фотографии (колор и црно-бели) од крајот на декември 2020 до февруари 2023 година од млади бендови и млади музичари, како и од музички настани на кои настапувале.


Никола Јовановиќ е фотограф, роден во Скопје во 2002 година, кој активно се занимава фотографија неколку години. Кон крајот на 2020 година почнува активно да се занимава со портретна и музичка фотографија.

-Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век. Изложбата „Мразам playback“ е посветена на неговиот повеќегодишен ангажман во музиката, соопшти организаторот на изложбата. вј/хс/


Фото: КИЦ