МТСП: „Ден на граѓански организации и социјални претпријатија” се оддржува утре во Скопје


На платото пред Центарот на социјални претпријатија (пред АРМ, позади Меморијалот на Мајка Тереза) утре со почеток во 10 часот ќе се одржи Саемот на граѓански организации и социјални претпријатија, во организација на проектот на ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија”, имплементиран од Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Цивика мобилитас.

Официјалното отворање на саемот ќе го означат Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во С. Македонија, Н.Е Вероник Улман и Амбасадорот на Европската Унија во С. Македонија, Н.Е Дејвид Гир.


На саемот ќе бидат присутни граѓански организации и социјални претпријатија од земјата.

Социјалните претпријатија преку економски активности прават добро за општеството, тие вработуваат маргинализирани групи и го реинвестираат својот профит со цел решавање на одредени општествени проблеми. Тие нудат конкретни услуги и производи кои ќе ги презентираат и на утрешниот саем.


Граѓаните ќе можат да ги видат нивните занаетчиски производи, накит, мебел, ламби, облека итн. и да се запознаат со нивата работа, гледајќи од блиску што значи да се биде социјално претпријатие.


Видете следно

Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне …