МТСП: Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете


Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека е запозната со случајот за каснатото 11 месечно дете и е во постојан контакт со градинката.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап.

Поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните“, се вели во соопштението на МТСП.

Видете следно

Градоначалникот Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор во  Р. Македонија, Карло Ромео

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, …