МТСП: Презентирана нацрт Националната стратегија за деинституционализација – реформа на социјалните институции за доброто на сите


Неколкумесечната напорна работа, водена од тим од странски и домашни експерти, со финансиска поддршка од Европската Унија и со учество на претставници на МТСП, повеќе јавни институции и граѓански организации, резултира со нацрт-Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027), која денеска беше за прв пат презентирана пред стручната и општата јавност.

Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните напори беа инцидентни и без континуитет, а постигнувањатата се скромни. Придобивките од деинституционализација за сите се појдовната основа за решеноста и посветеноста на Владата и МТСП да изградат современ, ефективен и ефикасен систем за социјална грижа што ги почитува човековите права на граѓаните.

Деинституционализацијата значи премин од социјална грижа што се обезбедува во големи резиденцијални институции кон грижа во заедницата. Ако, на пример, на некое лице со попреченост или дете без родители му е потребно згрижување од државата – тука се големите, „безлични“ институции кадешто лицето ќе добие згрижување на начин што го сегрегира од средината. Алтернативата се социјални услуги во заедницата: можност лицето да добие поддршка во неговата сопствена средина, во неговата заедница, во оној момент кога му треба, на начин што одговара на неговите потреби. Деинституционализација е промена од социјални услуги по мера на системот во социјални услуги по мера на граѓанинот, нудејќи можност за активно учество на згрижените лица во животот на заедницата и јакнејќи го нивното лично достоинство.

Клучните заложби за наредниот период се: да нема деца под тригодишна возраст сместени во институции до 2020 и да се трансформира Специјалниот завод  Демир Капија. Првите преселби на корисници од сегашните институции во служби за живеење со поддршка  во заедницата  ќе се случат на средина на 2018 година.

Воведни обраќања на настанот имаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и раководителот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини. 

 

Видете следно

Градоначалникот Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор во  Р. Македонија, Карло Ромео

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, …