МТСП: Владата го усвои Оперативниот план за 2019 година, за врабортување и отворање нови бизниси на располагање рекордни 1,1 милијарда денари


На денешната владина седница се усвои новиот Оперативен план за варботување за 2019 година, за кој издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милилони денари. Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.

Врвен приоритет на МТСП и на Владата е обезбедување нови работни места. За Оперативниот план за вработување 2019 година издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари и се фокусираме на преквалификација и доедукација. Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот.

Новите работни места ги планиравме заедно со работодавците, односно за првпат мерките ги работевме во соработка со сите чинители и според реалните потребите во државата и на локално ниво.

Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација.

Со него за првпат ја воведовме „Гаранцијата за млади“, преку која се се вработија 1.839 лица. Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отворија 1.191 лица, а една од најбараните беше програмата „Практиканство“, во која се вклучија 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.


Видете следно

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера го прими министерот за надворешни работи на …