МТСП: Во тек е дополнителна исплата на образовен додаток


Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

– Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена со Закон за заштита на децата. Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година, појаснуваат од МТСП.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.

Исплатата на додатокот за образование, како што се вели во денешното соопштение, се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон. сст/сп/

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) 


Видете следно

Јанчев ќе биде дел од изборната трка за нов градоначалнички мандат следната година

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев ќе биде дел од изборната трка за нов градоначалнички мандат …