Му ги украле чевлите пред трка, па им вратил со два златни медали


Јакоб Франциск „Џим“ Торп бил американски спортист. Џим Торп бил мешан и имал предци Индијанци. Неговиот татко Хирам Торп бил свештеник, а мајка му била Индијанка. Тој бил голем противник на расизмот, а често бил нарекуван „црвенокожец“ и „индијански атлет“.

Џим Торп на факултет се запишал во 1904, а додека студирал бил активен спортист во повеќе спортови. Негов тренер бил Поп Варнер. Во 1911, станал шампион на универзитетот Харвард.

Џим Торп бил професионалец во амирикански фудбал, бејзбол и кошарка, но сепак најголем успех постигнал во атлетика.

Според Асошиејтед Прес, Торп бил прогласен за најголем спортист на првата половина од XX век во 1950 година, а во 1999 година бил прогласен за трет спортист на векот.

Погледнете внимателно на фотографијата и ќе видите дека тој носи различни чорапи и чевли. Ова не е некој вид мода. Приказната се случила на Олимпијадата во 1912 година. Џим, ја претстави својата земја во атлетика на патеките. Утрото пред натпреварите во кои требал да учествува, некој му ги украл чевлите. Џим успева да најде две, иако различни, чевли во канта за ѓубре случајно и можете да ги видите на сликата. Но, поради тоа што едниот чевел бил премногу голем, тој морал да стави уште еден чорап. Со оваа облека, Џим освојува два златни медали!

Без разлика на какви проблеми се будиш ова утро, некој те потцени или некој друг те навредил, не дозволувај да те спречи да трчаш во твојата трка денес!

 


Видете следно

„Моја бесмртна љубов“ – нова концертна сезона на Филхармонија

Новата концертна сезона (2019-2020) на Филхармонија е насловена „Моја бесмртна љубов“. И оваа концертна сезона …