Му рекле дека авионот се урнал кај Адис Абеба: Еве што се случило неколку минути потоа


“Одев од Дубаи за Адис Абеба и од таму требаше да тргнам за Најроби, но летот од Дубаи доцнеше и така задоцнив. Кога конечно стигнав во Етиопија, ми кажаа да го почекам другиот лет”, рекол среќниот патник Ахмед Калид, кој го пропушти кобниот лет во кој загинаа стотина патници и челнови на екипажот.

Тој требало да се најде на кобниот лет на етиопската авио-компанија, но поради доцнењето ја избегнал смртта.

Во меѓувреме, неговиот татко Калид Али Абдулрахман го чекал во Најроби и мислел дека неговиот син загинал кога со огромна тага ја слушнал веста за авионската несреќа.

“Кога прашав за пристигнување на летот од Етиопија, вработен на аеродромот ми рече: “Жал ми е, но тој авион се урна”. Се шокирав, меѓутоа малку подоцна ми заѕвони телефонот каде ми се јави синот и ми кажа дека уште е во Адис Абеба”, објаснил таткото.

 


Видете следно

Шестата генерација на Opel Corsa вози на струја

  Opel вози електрично. Со новата шеста генерација на Corsa, германскиот производител на автомобили првпат …