МВР: Безбедносната состојба во општина Прилеп е стабилна


Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски вчера оствари работни средби со раководството на Полициската станица Прилеп и со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски во пресрет на одржувањето на фестивалот ,,Пивофест“, кој ќе се одржи од 18 до 22 јули.

На средбите беше потенцирано дека безбедносната состојба во општината е стабилна и полициските службеници се подготвени за обезбедување на јавниот ред и мир, особено во текот на фестивалот, за тој да помине во најдобар ред, без оглед на големата бројка на гости што се очекува во Прилеп.

Директорот Тасевски и градоначалникот Јовановски разговараа и за вчерашниот случај кога во кафуле во Прилеп беше пронајдена експлозивна направа. Директорот на БЈБ потенцираше дека станува збор за изолиран случај за кој веќе постојат одредени сознанија и се преземаат сите потребни истражни дејствија за што поскоро решавање на случајот.


Видете следно

Претседателот Пендаровски оствари средба со претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински …