Breaking News

МВР-билтен (ДПЛ)


На 09. 06. 2023 во 17. 30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М. Р. (33) и Ј. И. (35), двајцата од Битола.


Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.


Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 09. 06. 2023 во 19.

30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б. В. (23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 14. 00 часот со употреба на сила влегол во куќа на ул.


„Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против А. К.


(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08. 11.

2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. СВР Битола поднесе кривична пријава против З. М.


(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана и две дигитални ваги. На 09. 06. 2023 во 17.

45 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н. С.

(46) од Скопје затоа што, по претходна расправија, се обидел со остар предмет да го нападне Г. И. (52) во неговиот дом. Притоа, на местото била пронајдена и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против М. Г.

(63) од село Врапчиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 22. 02.

2023 во Гостивар, пријавениот бил затекнат како со возило „фолксваген голф“ вршел такси превоз без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на патници издадена од надлежен орган. На 10. 06.

2023 во 02. 31 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „4 Ноември“, ул. „Карпош“ и ул.

„Кичево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З. П.

(41) од Битола и мотоцикл „хонда“ рез регистарски ознаки, управуван од И. Ф. (33) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.  На 09. 06.

2023 во Плициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија –  село Мрзенци, патничко возило „даеву матиз“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М. Ш.

(35) од Гевгелија, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија. На 09. 06. 2023 во 10. 30 часот во СВР Скопје, 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека околу 08.

30 часот бил измамен од две лица за сума од 1. 000 евра.

Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покажа пари на докторот, а тој нема моментално во него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.

Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09. 06. 2023 во 15. 40 часот во ОВР Кавадарци, Ѓ. А.

(36) од Скопје пријавил дека на 07. 06. 2023 околу 12. 00 часот на депонија во Кавадарци бил физички нападнат од С. С. , кој употребил и дрвен предмет. Се работи на расчистување на случајот.  На 09.

06. 2023 во 21. 28 часот во СВР Штип, К. В. (36) од Штип пријавила дека околу 21. 20 часот на ул. „Питу Гули“ била физички нападната од И. Л. (63) од Штип. Се работи на расчистување на случајот.

На 09. 06. 2023 во 11. 06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А. П. (53) од с. Петровец, Скопско.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. На 09. 06. 2023 во 22. 45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Ѓ. А. (37) од Прилеп затоа што околу 21.

30 часот пред фабрика во Прилеп го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Џ. М. и Љ. М, при што стаклен предмет му нанел повреда на Љ. М. .

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 09. 06. 2023 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.

Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Љ. С. (53) од Скопје.

Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик. За настанот бил известен трудов инспектор. На 10. 06. 2023 во 01.

20 часот во СВР Скопје, Б. К. (44) од село Кучевиште, Скопско, пријавил дека на 09. 06. 2023 околу 11.

30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација од населба Бутел кон Капиштец, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.

06. 2023 во 21. 20 часот во СВР Охрид, И. А. (54) од Охрид пријавил дека на 08. 06. 2023 околу 23. 30 часот на кеј „Македонија“ во Охрид двајцата негови малолетни синови биле физички нападнати од О. Н.

и Д. Б. од Охрид, при што употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување нас лучајот. На 09. 06. 2023 во 20. 30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р. Л.

(41) од тетовско село. Тој се сомничи дека се самозадоволувал пред малолетник од тетовско село и се обидел да изврши обљуба врз него.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 09. 06. 2023 во 19.

45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачје на Бутел била пронајдена С. Д. (20) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени при пад од зграда.

Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10. 06. 2023 во 00. 30 часот починала. Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09. 06. 2023 во 17. 40 часот во СВР Скопје, С. Д. (36) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Ѓ. Д. (66).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09. 06. 2023 во 11. 00 часот во Полициската станица Кичево, Т. В. (82) од Кичево пријавил дека на ул.

„Јанко Михајлоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник. мд/Фото: МИА .

Извор: МИА