МВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО


Единицата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење”.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

– Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, се наведува во соопштението од МВР.

Скопје, 29 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Колку нови случаи денеска се регистрирани кај нас?!

Ве молиме земете го предвид ова известување со корекција кај бројот на оздравени лица, точниот …